Jyjo "Odasfaltiraj me"

by Jyjo

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
03:14
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.

about

(Jy jo ː Jy jo)

Jyjo / Ивана Стојковска - поезија/глас/концепт
Петар Јовановски - инженер на звук/ритам машина
Михајло Стојанов - гитара/пијано
Дину Вангели - гитара

Снимено во студио ESRA, Скопје / јануари 2015
Дизајн на обвивка: Катерина Трајановска


Идејата на „Одасфалтирај ме“ е комуницирање на внатрешниот свет преку истрошување на границите што постојат помеѓу медиумите. Признавајќи ја автентичната битност на секој поединечен медиум, а притоа осознавајќи ја дефинирачката улога на иститот врз содржината, ова дело оди во насока на мултидимензионално отклучување на значењето.

Овој мултимедијален обид започна како поезија на хартија, а продолжи со спријателување на стихот со звук, движење и илустрација кон независно оживување на мртвата природа на напишаниот збор преку дијалогот. Тој дијалог во кој звукот зборува, зборот музицира, танцот слика, а илустрацијата перформира, е дискусија во која од хоризонтално рамниште секој автентичен свет го кaжува своето мислење за материјата рефлектирана во песната. Кон средбата на сите овие јазици се гледа како на помирување на разликите кои постојат помеѓу каналите за пренесување на мислата, при што преостанува уживање на идејата на конкретната лирска творба во сеповрзаноста на присутните медиуми.

Мултимедијалноста на „Одасфалтирај ме“ беше овозможена од група на креативци кои се сретнааа на крстопатот на медиумите, изненадувачки ентузијастично дискутирајќи за идеите, секој на својот јазик, заедно.

credits

released March 16, 2017

[Kritika 028]

tags

tags: other. pop Skopje

license

all rights reserved

about

Kritika Skopje, Macedonia

Issuing recordings

Skopje/Macedonia

contact / help

Contact Kritika

Streaming and
Download help

Track Name: Часовникот (The clock)
Често се пронаоѓам
кога светот заоѓа,
во бројките на часовникот.
Track Name: Одиме (Let's Go)
Одиме да нуркаме, да туркаме ѕидови под камења
да водиме слончиња на розови облачиња
да лижеме конуси од прашокот на секогаш.
Во овој секунд,
одиме да боцкаме комарци од забава
да им бидеме здодевни на мувите
да кинеме меурчиња во чашички, месечинки, дланки, камчиња,
да си возиме прстиња во чамчиња,
да виткаме страници од книги,
да бидеме сини од небо.
Одиме да садиме клучеви,
да градиме картонски врати од звучници,
да пуштаме музика од срце
Да бираме детелинки со три листа,
здодевна е четворка чиста.
Одиме да правиме авиончиња од весници,
да чепкаме носеви додека дупка трета
не се отвори
за никогаш да не ни смета,
затнат нос.
Одиме со папучи дизајнирани за десниот ножен палец да ни биде бос
за да ја цртаме историјата со едниот ,
а со другиот да ја бришеме,
Со затнати уши да дишеме, зашто само така се дише
и со скок да се движеме, зашто само така се преживува,
и со затворена уста да молчиме за што само така се доживува
и со затворени очи да цртаме дом, зашто само така се верува.
Ајде да одиме таму,
Кадешто утрото ни се доверува
со тајна што ноќта не смее да ја знае,
а ние детинесто ќе му ја шепнеме на ветрот
за месечината да порасне поголема од ден заради љубомора на утрото,
за да биде совршена онаа споделена фотографија
каде јас и ти седиме на лулашка
а зад нас е гурабијата до дрвото на животот,
кое се сече за огрев иако топли повеќе додека е живо.
Па ние тука,
се нишаме и одиме
се пентариме и одиме
танцуваме и одиме,
ајде, ајде, водиме!
А ние,
одиме кај тебе на работа
до принтерот,
чувствувам дека контрастот помеѓу бојата што таа машина може да ја пружа
и сѐ останато е впечатлива до последното слонче на хефталицата.
Одиме да ги убиме сите точки
и да го натераме тој принтер да кивне реченица подолга од слика
што плука на ладни раце
мастило со боја на живот,
ФОТО!
Track Name: Сензација (Sensation)
Контрола врз информациите,
е контрола врз комуникација
и потреба од вмрежување
поблиску до центарот на информации диви,
за признавање на повеќе центри живи
сме мрзливи.
Центарот за сензации,
создава потреба,
креира вредност.
Далеку опсежни се роговите што ни ги набиваат
на главите што под нив се свиваат,
зашто можат да се контролираат
со ограничување на информации,
што своеволно избор
е ограничен на еден извор,
што нема потреба , што сензација, врти глави на други страни,
а човекот го изеде кучето, уште лани.
Центарот за сензации,
создава потреба,
сади систем.
Сите боледуваат од сензација
а се лекуваат кај докторот по манипулација.
Центарот за сензации, (смешка)
Прави спин
Гради вртелешка.
Кога сите протекуваат некакво информирање
во засегнато артикулирање
а држава е сензација
на ад хок случени,
на речиси подучени,
на револвери.
Тука нешто не штима.
Track Name: Силни емотивни состојби (Strong emotional states)
Си фатив пеперутка со мојата високо емотивна личност
и ја научив да чекори по асфалт со затворени крила
да седи на столче
да оди во кафана и да мириса на кромид.
Со мојата меланхолична личност ја научив да пие повеќе отколку што јаде
со мојата флегматична личност и покажав како да масакрира ТВ далечински управувач
со мојот сангвиник и посочив како да дише, да крвари и да биде забавувач.
Пеперутка реши да биде колерик и демонстративно ја напушти просторијата
во потрага по пријатели за да им презентира како се жонглира со емотивни состојби .
Кога публиката сврти внимание кон новиот модел на шорцеви кои пеперутка не ја собираа
Пеперутка си го заборави и последниот нагон за лет
се закачи на мрежа
си ги собра луцидните соништа
се трансформира во ефект
и стана дел
од Бел дистрибуција-
квазипоборник за правата на животните.
Можат ли патиштата на еден преприран инсект да бидат помалку предвидливи?
Track Name: Урла (Ms. Roar)
Урла не се дава,
во уши влегува без срам,
го чепка вратот,
го натажува носот,
го начекува кога е сам.
Урла е самоуверена .
Урла знае како да се припитоми.
ретко ја зборуваат кога не е присутна.
лупа врати на помин,
прозорци треска,
под врата се пика,
се вдомува во дупче.
Урла е дрска како потсвест.
Урла е врска помеѓу неколку отворени реченици.
Урла ме притиска насреде разборени отвори.
Урла сака да ми каже.
Урла ми го сврте коленото!
–Ќе врне-
Track Name: Како се вклучува мозокот (How to turn the brain on)
Линеарно мислење-клик,
Спиење-клик,
Аларм-клик,
Спремање-клик,
Ден-клик,
Столче-клик,
Компјутер-клик,
Кафе-клик,
Измисли муабет-клик,
Веце-клик,
Компјутер-клик,
Веце-клик,
Компјутер-клик,
Ручек-клик,
Цигара-клик,
Компјутер-клик,
Кафе-клик,
Часовник-клик,
Социјална мрежа-клик,
Мрежа-клик,
Стрес-клик,
Аман-клик,
Цигара-клик,
Чао-клик,
Кола-клик,
Столче-клик,
Телефон-клик,
Телевизор-клик,
Книга-клик,
Компјутер-клик
Компјутер-клик
Комплутер-клик,
Не можам-клик,
Цигара-клик,
Цигара-клик,
Цигара-клик,
Филм-клик,
Цигара-клик,
Цигара-клик,
Цигара-клик,
Клик-филм,
Креативна мисла-филм,
Сакам-филм!
Перница-клик.
Track Name: Солено (The Salty)
Мембрани во бои на крушка,
со шмрк на љубопитно куче што душка
ми го влечат носот во осамена промаја на зборови,
и ниеден слог не може да ја пукне збороформата на оформената празнина-
Најздружените се сами.
Последна кикирика во базен со лушпи.
Track Name: Perpetuum mobile
Mobile не е perpetuum,
Perpetuum е ветерницата во твојот ум!
И Дон Кихот умре.
Track Name: Candyland
А ти, поминуваш?
Делфинот ти е смачкан !!!
Не мислев дека ќе проодиш одново,
капата ти е стуткана под ѓубрето на еден мит
под големиот кит.
Октоподот од твоите пријателства
го користиш како алатка во борбата на информации.
Медузата
ми е под блузата.
Track Name: Историјата на човекот (The history of the human)
Во градот на вековите се одбиваме,
си шиеме прешивачи со симболи чија естетика се одбива дури од сенката.
во празната земја на ниеден човек
редиме опрема и ги одбиваме сите луѓе,
ги водиме сите војни,
сите војни на ништото,
и во битка со времето
ги забиваме стрелките во центарот
кој одбива да врти .
Се одбиваме во секоја прилика,
по навика,
од паника.
се одбиваме
без да знаеме дека во природата ни е да се привлекуваме.
Не злобни, а сиромашни со знаење.
Track Name: Кардиоциклус Македонија (Cardiac Cycle Macedonia)
Не сакам да пораснам во робот ама толку е сигурно меѓу металите
Не сакам да пораснам во робот,
ама толку е сигурно меѓу металите,
таму нема луѓе завидливи од минијатурни групации,
таму нема залудни гневни манифестации
таму нема емотивни рации
заради време пополнување,
таму нема чепкање под кожа од блут и сличи занимации.
Не сакам да пораснам во робот,
ама родот ни е завидлив на прогрес,
па во дегрес,
прави експрес етикетирање,
заради страв од новите бои
имуни на пропаганда и маскирање.
Не сакам да пораснам во робот,
ама овие поетски кругови смрдат на реа,
од берба покосена, изноносена носија, изнемоштеност, крвишта и потоина смртна,
од дете на дете што тукушто пркна.
Не сакам да пораснам во робот!
ќе си купам цвеќе,
иако можам да предвидам уште сега веќе
дека долго нема да трае,
како и да е
исечено е од земја на корења зацементирани,
а и полумртви цвеќиња од таму,
со самото одделување
се веќе анимирани.
Track Name: Отсуство (Absence)
-За да станеш човек мора да се одлучиш да ја напуштиш магијата.
Некој ми го скрши стапчето за да може да меша ајвар.
-Во магијата си сам, не осамен, но сам со магијата,
а во другиот свет си човек и си со друг човек,
како меѓучовечкото да е посилно од родот волшепства.
Некој ги наполни теглите со моите тајни јавности.
-Каде си? Каде си ти човеку од мојата глава или човекот од пред носовите на другите-
различни сте,
далеку поригиден е оној што брка воздух пред погледите.
Некој јаде леб намачкан со моите немири.
-Стравот е човечки, летот е магичен.
Се плашиш да полеташ со мене или полетувам во страв со тебе.
Двајцата пиеме вода по кришките ајвар, посолени од доволно.
Магичното гладно,
стомачето задоволно.
-Наидов на чувството дека се наоѓам помеѓу два света.
Сочувство, отсуство.
Раскренување на масата во два чекори,
Заклучување во собата еднаш.
Под перницата скриена магична чепкалка во исчекување на наредната промашена функција.
По чистење на казанот со ајвар на дното најдоа златно дрвено авионче.
По обдукција на нејзиното тело,
во стомакот глисти,
дрвена чепкалка во десната хемисфера на големиот мозок.-
Од забите па нагоре копала писти.
Track Name: Флека (Smudge)
Маргините од десната страна на листот
впиваат од флеката
-границите растат-
Track Name: Во потрага по љубов за мојот град (Looking for a way to love my hometown)
Моментот кога пристигнувам во Скопје
ми се руши целиот концепт за ‘главни градови’,
ни ‘град’, па ни ‘село’,
одлучи се Скопје!
Моментот кога пристигнувам во Скопје,
100 години самотија се претвора во сто години самотија ,
а сто години во телевизор, кауч, столче
потсетување како иднината цел живот може да биде шалтерско бројче.
Кога заминувам ,
и некако како Скопје да ми недостасува,
другите главни градови знаат да бидат навистина главни,
со дигнат нос.
Во потрага по љубов за Скопје срценце се исцртува во форма на пруга,
Скопје може навистина да им недостасува
само на оние кои можат во секое време да заминат под некоја сончева друга,
па,
кога пристигнувам во Скопје,
‘Скопје транзит’
-ајде така да го именуваме.
Track Name: За Големците (Elephantine)
Скриени зад катедрите,
скриени зад часовниците,
скриени зад асистентите,
скриени зад речениците...
пружаат гОлема слика за светот како да пружаат алишта.
Track Name: Врева (Hubbub)
Креваш врева по ходниците.
Вратите вриштат,
шкрипат ладилниците,
пискаат прозорците.
Присетки меланхолизираат алкохолизирани овации,
и во споменици пораснаа спомените,
надвиснуваат пискава прашина
над веќе громогласната главеста вџашина.
Додека ѕидовите кинат заби,
душеците параат постелнина,
и завеси во бој со ветрот времиња кудат,
промаја загосподарува,
се смее грохотно
се перчи по черепот раштимано и похотно.
Рамки шепотат некаква вина,
кваките потврдуваат во глагол полускинат.
Вревиш низ предметите,
нема почин на креветите,
пискот спие над осетите.
Креваш врева по ходниците,
вревиш по улиците,
ги опседна ликовите,
и 'ржот низ страниците.
Во тишина смртно глува,
те нема,
а јас веќе сега
и зевам
врева.
Track Name: Лекот (The cure)
Во залихи на еманација
и театар на маски
во последниот ред
седат оние,
баш оние кои тешко догледуваат
а се пронаоѓаат во улогите.