Tempera “Tivka reka“ | single

by Tempera

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

about

Индивидуализам од светлата страна. Лоцирано чувство. Опојна заводливост. Неуморна љубов. Сите мораат заедно. Емотивен импакт. Заводливо неотповикливо. Чекањето се исплаќа. Верба во живот. Едноставно и убедливо. Поп боемија. Футуристичко ретро. Искрено и искусно. Песништво. Замисли...

Со синглот „Тивка река“ Темпера го отвора новиот албум најавен за реализација за првата половина на 2016. „Тивка река“ е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која реализираната и возвратена љубов ја носи. Песната е авторско дело на Темпера, текстот и омотот на синглот се на Тања Тас. За оваа песна е направен и видео запис, концепт и режија Игор Иванов-Изи, изработен од продуцентската куќа ОХО.


Темпера се:
Тања Тас | вокал
Драган Гиновски Гино | гитара
Мите Димовски | тапани
Џоле Максимовски | бас гитара

lyrics

Покрај мојот дом
минува тивка река,
а во неа твојот одраз
...се шират кругови
по мојата површина
...а таа стега
од чемер и јад
што ко котва ме кочи,
ја нема
Чудесно

Низ мене си ти
Во тебе сум јас
Опојно...
замисли

Ајде зборувај
за свет кој шепоти, бои
и низ вел обзема
со нитки од убави ветувања
Овој миг ќе не однесе назад
и низ превез ќе ме љубиш
чудесно

Низ мене си ти
Во тебе сум јас
Опојно...
замисли

Низ мене си ти
Во тебе сум јас
Опојно...
замисли

credits

released April 7, 2016
[2016 Критика 015]

tags

license

all rights reserved

about

Kritika Skopje, Macedonia

Issuing recordings

contact / help

Contact Kritika

Streaming and
Download help