Raketamagazin "Nadvor od umot"

by Raketamagazin

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
2.
3.
03:53
4.
5.
6.
7.
00:21
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
03:41

about

[реиздание]

Снимено во “Аудио Лаб Студио”, Скопје, април 1991
Тон снимател и мастер микс: Тоше Поп Симонов
Продуцент: Ѓокица Зафировски - Џоле
Омот дизајн: Ѓокица Зафировски - Џоле



Од авторот Ѓокица Зафировски:

Албумот „Надвор од умот” е создаден како наменска музика за истоимената претстава, премиерно изведена 6-ти мај 1991 во Македонскиот народен театар во Скопје, од текст и во режија на Васил Христов.

Како дојде до оваа соработка помеѓу Васил Христов и Ѓокица Зафировски? Тематиката на текстот за претставата црпеше инспирација и се движеше во водите на рокенролот, поточно до изворот на бунтовништвото како причина и идолопоклонството како последица на овој музички феномен зачнат во минатиот век. Со цел да го долови автентичниот звук од прапочетокот на жанрот, Васил се обрати до добрите познавачи и изведувачи на овој стил и звук од 50-тите, скопскиот Chuck Berry Band, познат по своите клупски свирки и луди забави по градските станови и покриви кои завршуваа со милициски фајронт рано во утринските часови. Ставени пред предизвикот на проектот, Ѓокица Зафировски (Chuck Berry Band, Вел Викториа, Suns) се нафати да ја компонира музиката, додека Мирослав Тодоровски (Chuck Berry Band, Културно Уметнички Работници) и Борис Георгиев Бут (Дизајн, Бадмингтонс, Мизар, Chuck Berry Band) ја понудија својата соработка. Басистот на бендот Валентин Видовски - Тини не можеше да учествува па така на неговото место застана самиот режисер, Васил Христов.

Покрај наменски компонираните теми The Idol Is Coming, Надвор од умот, Внатре во умот, Ghosts Love Themselves и Wild Boosting, Ѓокица ги обработи оригиналните блуз и рокенрол теми Blue Moon, That’s Alright My Mama, Where Do The King’s Sun Come From, Mystery Train, Big Sister’s Sister и I Love You со помодерен спин (и малку сменети наслови), додека темите Japanese Moon и Little Sister наменски не се одалечуваат од звукот и аранжманот на оригиналите.

Музиката за овој проект ќе беше невозможно да се оствари без огромниот талент на музичарите кои земаа несебично учество и ги дадоа своите кретивни идеи во обликување на аранжманите и изведбата на музиката. Мирко со своето длабоко познавање на рокенролот од 50-те, плочите што ги позајми за музичка анализа, вечна позитивност, уникатен глас и креативна интерпретација на темите. Бут со својот неприкосновен панк-рок пристап, џез креативност и тапанарска дисциплина. Вуси со својата енергија, бас талент и љубов кон рокенролот и театарот. Без Гони кој ги даде финалните ноти на The Idol Is Coming и Надвор од умот со своите дувачки инструменти, темите немаше да добијат завршен облик. Без Ирена, тогаш студент по оперско пеење, што само случајно помина од студиото додека снимавме и ја убедивме да отпее импровизација на Надвор од умот, со само два тејка ја преврте темата од пристојна до величествена. Без Тоше, кој само што коинциденто имаше купено оригинален Fender Starcaster од 50-тите и несебично го понуди за снимањето и специјално го позајми единственото Fender Deluxe Reverb појачало во градот од легендарниот Бис Без гитарист Константин Икономов – Коце (мислам од него, не сум сигурен), немаше да се долови тој феноменеален гитарски звук на 50-тите.

Јас како автор сум неизмерно благодарен на целиот тим. “Надвор од умот” е креативно дело на сите учесници, јас само дадов идејна насока и рифови.
Напомена: пеењето во Japanese Moon е тотален џибриш и е импровизиран на лице место во еден тејк.

Ракетамагазин бендот и актерите во претставата се претставени во промотивниот спот снимен за промоција на премиерната театарска изведба илустриран со темата Mystery Train. Снимател на спотот е Александар Јанковиќ - Фриц.

Албумот беше издаден 1995 на аудио-касета во симболичен тираж од Коприва Рекордс и еден топол летен ден беше промовиран со матине концерт во клубот ZZ Top.

credits

released April 25, 2017

[Kritika 029]
kritika.mk/album/nadvor-od-umot-kritika-029/

tags

license

all rights reserved

about

Kritika Skopje, Macedonia

Issuing recordings

contact / help

Contact Kritika

Streaming and
Download help