We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Od drugata strana | tribute to Padot na Vizantija

by tROTOAR

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.

about

1979… социјализмот е во криза, светската популација е 4.378 билиони жители, феноменот цртан филм во 19:15 и понатаму живее, се појавија првите кафулиња и бутици, Philips го претставува прототипот на оптичкиот дигитален аудио диск, се пие црн и жолт сок, Сојузот на комунисти моноидеолошки го владее политичкиот простор, во светот се прават првите компјутери, Joy Division го издаваат Unknown Pleasures, Pink Floyd – The Wall, The Clash – London Calling, Bauhaus првиот сингл Bela Lugosi’s Dead, Sex Pistols – The Great Rock ‘n’ Roll Swindle, Cabaret Voltaire – Mix-Up, во Солун се патува по плочи а за не баш спонтан шопинг во Трст, се вози пар-непар, домаќинствата складираат залихи брашно, Иранскиот шах Реза Пахлави бега од земјата, Иран станува исламска република под водство на верскиот лидер Хомеини, просечната плата е 400 германски марки, светски филмски премиери на Апокалипса сега, Крамер против Крамер и Животот на Брајан, шефот на грчката држава Константинос Цацос именува конзул под името Социјалистичка република Македонија, Југославија одбива да влезе во ЕУ, девизите се купуваат на улица, Сандинистичкиот фронт за национално ослободување го победи режимот во централно-американската република Никарагва, цената на нафтата достигна рекордни $24 долари по барел, САД и Кина започнаа дипломатски односи, најкористените зборови тие години – стабилизација и рестрикција, ноќната програма на државната телевизија завршува во 22 часот, масовна инвазија на СССР трупи во Авганистан, David Bowie го издава Lodger, Talking Heads – Fear of Music, The Stranglers – The Raven, Gang of Four – Entertainment!, Public Image Ltd. – Metal Box, Japan – Quiet Life, Сојузот на комунисти ја формира Комисијата за предлагање на грамофонски плочи – Комисија за шунд, при Републичкиот комитет за просвета, култура и физичка култура, национализмот цути, духот на Западот доаѓа за да остане, доаѓа панкот, 1979-та во Струга во една трошна барака се формираат Афективен набој…

Приказната за Падот на Византија некако неминовно започнува 4 години пред самото формирање на групата, кога во Струга, под влијание на панк групите од крајот на 70-те, во 1979 е формиран бендот Филтер. Во составот членуваат: 16-годишниот Горан Трајкоски /бас и вокал/, Марјан Матоски /тапани/ и Никола Угрин и Климе Ковачески /гитара/, но најпрвин, неколку месеци вокал во бендот беше Тихомир Оташевиќ. Филтер во Струга имаа само 2 настапи. Во 1980 на бендот се приклучува Климе Ковачески на гитара и Зоран Лукшевиќ на тапани, а бендот го менува името во Афективен Набој. Со доаѓањето на Зоран Лукешевиќ и на Љупчо Бујароски на гитара беше формиран комплетниот Афективен Набој. Песни: Нечија Амбиција, Кога ноќта станува ден, Не ми треба никој, Кога љубовта се претвора во омраза… Првите демо снимки Афективен набој ги снимаат во Радио Струга со Славе Ќелешоски.
Веднаш по демо снимањето, Горан и Климе се селат во Скопје и продолжуваат во 1982 со Шпенд Ибраим на тапани, од октомври ‘83 па се до јуни ‘84. Есента истата таа година гитаристот Климе заминува во Холандија а потоа во САД, каде што живее и ден денес. По една средба на Картер, Горан и Шпенд во 1980-та формирани се Сарацени. Горан како средношколец постојано патуваше за пробите на Сарацени на релација Струга-Скопје. Сарацени имааа два периоди, еден од 1980-81, вториот во 1982-83 со Сами Ибраим на бас, во времето кога Горан беше на отслужувањето на воениот рок во есента 1982. Сарацени имаа материјал за цел албум, но албумот кој беше нуден на југословенските издавачките куќи никогаш не го доживеа светлото на денот. Снимките за албумот на Сарацени една луда ноќ Картер ги растегна по сета своја должина на булеварот Партизанска. Од материјалот на Сарацени остана само „Не брини“ и „Фалус комплекс“.

Под влијание на старата мистика од средниот век, Византија и духовноста на православието, како и дарк вејв групите од осумдесеттите и пост панк движењето од тоа време, во октомври 1983 година групата го добива името Падот на Византија. Падот на Константинопол 1453 година беше свесна и директната метафора на бендот за одликување од остатокот на сцената, но и како определба, и музичка и духовна. Горан Трајкоски на бас гитара и вокал, Климе Ковачевски на гитара и Шпенд Ибрахим на тапани првите проби на бендот ги прават во приземјето на семејната куќа на браќата Шпенд во Тафталиџе 2, каде што проби прават и Сарацени. Во овој состав ги создаваат и првите песни – Истата состојба и Ноќ над Југославија, но и песните наследени од претходниот состав – Кога ноќта станува ден и Не ми треба никој. Единствениот настап со Климе Ковачевски го имаат во флиперницата “Скопје“, на местото на денес непостоечката улица, каде на тој простор сега се наоѓа клубот „Балет“, за да веднаш по тој настап, во септември 1984 Климе го напушти бендот. Набргу потоа, Зоран Дабиќ, гитаристот на скопската група Тартиф, подоцна и новинар на списанието Млад борец и басистот Сами Ибрахим се приклучуваат на Падот на Византија, есента 1984, со што донесуваат нова бескмпромисна и креативна енергија во звукот на бендот. Првиот настап е забележан во октомври 1984 во тогашниот Дом на Млади, каде на групната манифестација настапуваат со само 3 песни. Падот на Византија настапуваат и на четврттото издание на Рок Фест, одржано во кошаркарската сала на Работнички, каде што, според гласовите на публиката го освојуваат првото место, по што, како награда од Рок фест во М2 студиото на Македонската радио телевизија со снимателот Никола Кимовски ги прават едниствените две студиски снимки – Истата состојба и Почеток и крај. Следниот скопски концерт на Падот на Византија е во киното Фросина, на импровизираната бината зад кино платното, каде пред 300 публика настапуваат заедно со Берлин гори, Тело-наука Совршена и Добри Исак, по што следат и настапите на Скопскиот саем, како и на дочекот на штафетата во Домот на млади, 1985. Падот на Византија настапувале и низ републиката, во Дом на млади – Штип (2 март 1985), како и во кумановската Соколана.
Првиот и веројатно најважен концерт на Падот на Византија ќе се случи во салата Кулушиќ на загребската манифестација YURM (Југословенски рок момент), каде бендот ја освојува првата награда и веќе следната недела настапува на плоштадот Бан Јелачиќ пред 25.000 публика. По загребските настапи, Падот на Византија имаат концерт во Народниот театар во Сараево, каде по концетот, на покана на ТВ Сараево, заедно со Идоли и Катарина II, настапуваат во емисијата Рок око, каде што се снимени и едниствените два видео записи – „Почеток и крај“ и „Истата состојба“. Веднаш по сараевскиот, го бележиме и настапот во Ниш, како возвратна посета на Добри Исак, а следното гостување е во јуни 1985 во Бања Лука, каде бендот го има својот последен настап.
Падот на Византија официјално престанаа со работа во лето 1985.

Неофицијална дискографија:
* Noć Nad Jugoslavijom (Don/IZAZOV fanzin, 1984)
Не ми треба никој
* Rollnrock Je Prošlost, Ipak. (N.p. tapes, 1986)
Не ми треба никој
* The Cassette Played Poptones (Sestra Wazelin, 1988)
Почеток и крај
Ноќ над Југославија
Истата состојба
* Македонски документ, чекор прв (Трот, 1994)
Истата состојба

credits

released May 9, 2015

[2015 Kritika 005]
kritika.mk/album/posveta-na-padot-na-vizantija/

license

all rights reserved

tags

If you like tROTOAR, you may also like: