Волтер Мани Ал Хаким „Брсјачки сказни“

by Voltaire Mani Al Hakim

supported by
/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.

about

Сè започна на почеток од 2016, после една средба со Васко Атанасовски од Бернис. Го слушнав како пее, па помислив дека е време нешто да се пропее на македонки јазик, но тоа да не биде на-ти-го-дај-ми-го, или некаков рап, туку да има еден друг вид на текстура со широк спектар на мелодија. Васе има многу ранлив, кршлив вокал (иако не би го нарекол пејач) и тоа ме предизвика да ги пишувам композициите во стилот на целиот историјат на македонскиот поп. Веќе некаде споменав дека воопште не сум фасциниран од музичари и пејачи, посебно не од домашниве. Па, така Васе (иако никогаш не пропеја), ми служеше како некаков контрапункт-енергетски контрабаланс. Овој албум го мислев и спремав за студио, сакав да го продуцирам, немав никаква намера самиот да пејам и да свирам, но морав да ги направам скиците пред да влезам на некој начин. Ограничен со техничкиот и инструменталниот алат, најприродно беше да ги слеам на гитара (сè уште не ми е продадена), инаку повеќето од композициите се правени за пијано всушност. Таинствено посакував еден надежен гениј по име Јана Коцева да ми ги отсвири пијаната и заедно да ја средиме оркестрацијата, а Васе да ги отпее вокалите, што и не е баш едноставна задача. Јас можеби ќе отсвирев две до три ноти но ништо повеќе. Како и да е, времето минуваше а јас не успеав да пронајдам средства па се оддлучив да ги стегнам како концепт во демо скици. Секој што и малку има акл во глава ќе примети дека скиците се доста прецизни и сказните течат. Ова е првиот психоделичен поп, кој што меандрира на мигови во барок поп, гараж рок па дури и во блуз наратив. Се работи за племиња, овојпат ги избрав Брсјаците како најмногубројни на ова тло. Овој хабитат (македонскиот) е врзан во племенски релации, племенски политики, без некој аристократски потконтекст, со изобилство на претенциозност и примитивност. Сите композиции се мои освен Даблинскиот Брсјак (препев на една традиционална ирска песна). Јас никогаш не снимам два пати, сè правам во еден тејк, тоа страшно ме иритира, сакам случајности на мигот. Во овој албум ќе најдете многу влијанија, од патетични игорески и слични кичовидни излети па до сериозни обиди за мелодија. Сè е поставено во облик на мантра, со мистичен контекст. Сакав да направам албум што ќе се слуша после мене, во којшто ќе има повеќе некаква херметична фабула и содржина. Времето е веќе дојдено да се скршат прангите на народната уметност (лично презирам сè што е од и за народот). Младата генерација е заситена од идиотски и претенциозни клишеа. Тоа ме радува, сега веќе знам, имам публика пред себе во блиската иднина. Сакав албум што и самиот ќе го нарачам, за оваа пригода - иако не можев да ја прескокнам политиката и бедата, се свртев кон вертикалата за инспирација. Со еден збор посакав да пејам за сè што ќе ми текне, и мислам дека донекаде успеав во тоа. На англискиот тоа воопште не ми е никаков проблем, но ете сега и македонскиот ќе може да струни, она - кога луѓе отштрафуваат и слушаат како да слушаат некое чудесно-бизарно инди издание. Јас тоа цел живот го правам - откривам нешта, музики разни. И Брсјачките сказни се направени во тој манир, да бидат откриени. Бизарни, но сепак прецизни како слика.



За демо-скиците Брсјачки сказни

„Брсјачки сказни / Интерлудиум“, вовед во концептот, со кратка лирска најава. Брсјаците се чудесно издржливи племиња. Склони се кон опивање а со тоа и кон фантазирање. Еден ден пристигнува, да го именуваме како Џон (даблинскиот Брсјаќ), инаку тој е печалбар-повратник од Свети Николе. Џон сретнува еден Брсјак кому „Сонцето му изгрева од Запад“ и небото му говори под нозе. За време на престојувањето во Даблин, Џон дознава многу работи за вискито и ѓаволот, па потиштен решава да се врати на родната грутка. Значи, печалбарот Џон пристигнува дома и ги опишува своите искуства од сегашната (нова) Македонија. Набргу, тој се вљубува во една кредитна картичка (симболот на вредностите во модерниот свет) или најголемата илузија од сите игри на човештвото; Џон пропаѓа па станува просветлен. Исто како и Робинзон Крусо се оддалечува од цивилизацијата. Со себе зема само еден роман што ќе го потсетува на неговото детство: Баронот од дрвјата од И. Калвино. Ја кине кредитната картичка и го напушта градот. Тргнува по патот на Богумилите и живее во осама. „Сè едно е што си прав“: Џон станува искушеник и се исповеда на светлината патејќи со својот народ и бара некаков универзален клуч за вселенска правдина иако и самиот сфаќа дека се работи повторно за илузија. Правдата никогаш не е задоволена, таа е мисловна именка исто како и именката Бог за пролетерите од Нов Аеродром. Бог е една пројавна константа што непрестано се менува и трансмутира во облик на една светлосна топка, клучот за константноста на нашиот свет, по секоја прилика Бог е сè, па дури и политиката, таа кучка на адвокатурата и нишалата на племињата како олицетворенија на сатаната. Тука племето означува еден цврст порив кон материјата и замислената стварност што сепак се менува. Во овој свет-нашиот, истиот си ги јаде сопствените деца - заклучува Џон од Даблин. Иако можеби зазвучува апокалиптично и донекаде драмски (невремето што пристига), сепак тоа е обид за поправка, па така: Сè едно е што си прав, може да се нарече донекаде народна песна со темна констатација. Правдата никогаш не замира, таа е еден константен порив. „Кафе револуција“ е една лежерна состојба, типично својствена за Брсјаците, тие на револуцијата гледаат со сомнеж, бидејќи се фантастично оперативни, функционални и прецизни. Џон разговара за револуцијата на еден диланесктно-дилетански начин, продолжувајќи со опис на времето во кое што живее. Како некаков уличен пророк тој се обидува да опомене и да измери. Следи една кратка игореска (во џамбаски стил) којашто прераснува во асасинска драма на самиот крај, со опомена до владејачката и културната елита од перспектива на еден праведник кој што повеќе нема никаква доверба во институциите и општеството, туку во сè гледа племенски корелации и некаква конспиративност, изопаченост и криминал. Ништо повеќе не му е свето. Тој е исплашен и воедно огорчен. Во еден миг следи присеќавањето на мудроста, којашто нели е рамна на лудоста. Токму тогаш кога помислува на крајот, на помош му пристигнува Лејди Лудиела. Воскреснатата Лејди Лудеила е фантазмагорично отелотворување на љубовта како квинтесенција или јадро на божественоста. Помирен со состојбите Џон повторно се оддлучува да отпатува: „Некаде далеку од овде“. Сега е покрај морињата, Брсјаците ги сакаат морињата. Револуцијата може да продолжи без мене... размислува. Се буди на една далечна плажа и добива визија дека разговара со еден повисок ентитет. Доживува целосно преображение, станува гуштер, му отпаѓа човечкото тело. Гледа Светлина на сред ноќ. Сонцето пред него светли... Но како и во секој сон, тој набргу доживува кошмар, една лоша визија во која тој се пронаоѓа како ранет војсководец со карактер на Набукодонесор, притоа пее на ново-римскиот јазик: англискиот. Клајк Геј`бл е новодоселеник со сомнителни желби, сосема анимални, сето ова кај Џон предизвикува згрозување кон насоката на модерните друштва и нивната лицемерност. Џон или Јон решава повторно да патува и заклучува дека светот може (неговиот свет) да исчезне за еден миг додека патува и им се восхитува на новите светови бидејќи: Секој пред својата пештера стои - секој од нас време брои... Ние сме примати...
И, затворање на концептот со композицијата „Брсјачки сказни / финале“. Следната дестинација е - не постои нација. Нацијата е сеќавањето на најблиските и сите информации што некој ги присвоил како свои во текот на еден живот. Па вели: Музиката е единствениот бунар - го снема твојот свет - некој го извлече од под твоите нозе - како никогаш да не постоел – патуваш ли? Брсјачки бајки не постојат, деконструкција на митот и враќање кон себството во склопот на мрежното заедништво како едно сознание дека: Сонцето сепак не изгрева од Запад... И нема ништо ново на светот, дури ниту топлата вода не е измислена, таа извира од гејзерите. Ова е еклектичен албум со различни влијанија, од патетични битлескно-барокни минијатури па сè до сериозни обиди за структура и мелодија. Сè е поставено во облик на мантра, како еден мистичен-гримоарски музички пејсаж. Па, ете едно не толку кратко објаснување за содржината, а за музиката и изведбата некој друг пат.

Владо Манчевски - Волтер Мани Ал Хаким

credits

tags

license

all rights reserved

about

Kritika Skopje, Macedonia

Issuing recordings

contact / help

Contact Kritika

Streaming and
Download help